Македонија
23. јуни 2016 - 16:22

Работните групи на ДИК денеска се состанаа за прочистување на избирачкиот список

Сериозно ќе се пристапи по сите забелешки доставени по основ на избирачкиот список, посочи Атанас Урумов, претседателот на новоформираната работна група за избирачкиот список.

Претставникот од СДСМ Дамјан Манчевски најави дека ќе биде побарана проверка на сите лица кои согласно законот не треба да бидат на избирачкиот список.