Македонија
28. January 2018 - 12:00

Работник од Охрид тешко се повреди додека местел олуци на куќа во Вевчани

Вчера околу 10,00 часот во Вевчани, при местење олуци на викенд куќа, во еден момент од висина од 6 метри паднал Г.Ѓ.(41) од с.Лескоец, Охрид, кој со итна медицинска помош е пренесен во болница „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди (скршеници во пределот на градите ,бутната коска, рачен зглоб и потрес на мозок) поради што е задржан на лекување.
 
Увид извршила екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга.