Џет-Сет
10. November 2015 - 12:48

Работите во Големиот Брат излегоа од контрола

Се прели чашата во Големиот Брат. Во новата неделна задача во која Стефани е главна, Мирјана одби да учествува и направи безброј проблеми. Големиот Брат ги казни со 1.000 евра од заедничкиот буџет бидејќи не ги носеа костимите, како и поради тоа што Зорица која е веќе во кланот работеше иако тоа и е строго забрането, па така настана жестока кавга по загубените 2.000 евра. Мирјана која тврди дека е болна, плукаше во дворот, а Стефани не можеше да излезе на крај со неа. Тоа ја доведе и Зорица до лудило, па почна да вика по полноќ и да плаче, поради што Големиот Брат веднаш ја повика. 
 
Останува да видиме што ќе се случува во куќата каде работите излегуваат од контрола.