Бизнис
24. March 2017 - 9:04

Работилница за воспоставување организиран пазар на електрична енергија

Работилница за воспоставување на организиран пазар на електрична енергија во Република Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и ТЕМА Консалтинг Груп.

Како што е најавено на работилницата ќе се обрати и министерот за економија Дритон Кучи.

Работилницата е во рамки на проектот „Техничка помош за воспоставување институционална рамка за национална/регионална берза на електрична енергија“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.