Македонија
18. March 2016 - 8:28

Работилница за родовна еднаковост

„Родова еднаквост” е темата на работилницата што ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центарот во рамки на твининг проектот „Поддршка на Агенцијата за вработување на Република Македонија во имплементација на активните мерки и услуги за вработување”.

Работилницата ќе биде предводена од  експертот Рајнер Филипсен, а најавени се презентации од претставници на  Државниот завод за статистика, „Реактор“ истражување во акција и Националниот совет за родова рамноправност.