Македонија
11. July 2016 - 14:54

Работилница за одржлив развој во Куманово

Центарот за интеркултурен дијалог денеска организираше работилница во Куманово на тема „Одржлив развој“ во рамки на проектот „Граѓанско општество за Европска Интеграција“ кој што се имплементира со финансиска поддршка од Европската Унија преку ИПА Програмата.

На работилницата присуствуваа 50-тина престставници на граѓанските организации и на институциите кои дадоа идеи во однос на одржливиот развој и сугестии како да се вклучат граѓанските организации во подобрување на одредени теми кои ја засегаат заедницата.

Овој процес,нагласија орегнизаторите, се стреми кон генерирање на идеи за застапување на ЕУ реформите од што ќе произлезат инцијативи кои ќе се имплементираат подоцна во годината.

-По шест месеци реализација на проектот дојдовме до делот на организирање на лаборатории, на работилници за генерирање идеи што во суштина опфаќа организирање пет настани кои ќе се организираат во Куманово, Скопје и Битола во наредниот период и кои ќе истражуваат и генерираат идеи на различни теми како дискриминација, млади, одржлив развој, медиуми и маргинализирани групи. Целта на овие настани е од нив да добиеме пет иницијативи кои ќе бидат имплементирани во периодот од октомври до декември 2016 година, изјави Милош Ристовски од Центарот за меѓукултурен дијалог.

На овие работилници сите активни чинители, општествотои претставници од граѓанскиот сектор, споделеуваат мислења и идеи кои, според Ристовски треба да резултираат со производ кој во иднина ќе може да се имплементира. Во рамките на проектот дваесетина претставници од граѓанскиот сектор ќе заминат на студиска посета на Брисел која ќе се импементира во октомври, годинава.

Габриела Бошков од Центарот за меѓукултурен дијалог, објасни дека на првиот ден од работилницата зборуваат на тема „Одржлив развој“ дебатираат кои се гледиштата на младите и граѓанските организации за одржливиот развој, што подразбираат и каде може да да се влијае и да се поттикне развој и во однос на целите определни од ОН.

-Разговорите се движат во насока на тоа како младите гледаат на одржливиот развој, каде ја гледаат можноста тие да се вклучат и во исто време останатите чинители, имаме и претставници на институциите каде што зборуваа за тоа, што досега се работело каде ни е потребно дополнителна работа и како можат граѓанските ораганизации да бидат вклуечни во тој дел, изјави Бошков.