Работен состанок на Зибери и Бислимовски
Народниот правобранител Насер Зибери денеска ќе има работен состанок со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски. Тема на состанокот ќе биде иницијативата на канцеларијата на Народниот правобранител за менување на регулативата која се однесува на отчитувањето на броилата за електрична енергија (струјомерите), односно измени во досегашната пракса.
-Конкретно, иницијативата е во насока на навремено и континуирано отчитување на состојбата на броилата за потрошена електрична енергија, со цел граѓаните-потрошувачи да се обврзуваат за плаќање на износ за електрична енергија којашто реално ја потрошиле, информираат од кабинетот на Зибери за поводот за средбата, по која се предвидени изјави за медиумите.
Ново на Сител
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија