Работен ручек на Иванов и амбасадорите од Вишеградската група
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го приреди традиционалниот работен ручек со амбасадорите на четирите земји-членки на Вишеградската група, акредитирани во Република Македонија.
На средбата присуствуваа амбасадорите на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија - Мирослав Рамеш, Јацек Мултановски, Мартин Безак и Јожеф Бенце, на кои Иванов им се заблагодари за личниот ангажман и посветеност во унапредување на односите со Република Македонија.
- Македонскиот претседател го честиташе 25-годишниот јубилеј од формирањето на Вишеградската група и ја поздрави конструктивната улога на В4 како позитивен пример за успешно регионално партнерство и соработка. На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на соработката, за европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија, како и за последните случувања во регионот и во Европа, односно за предизвиците во контекст на бегалската криза, информира Кабинетот на Претседателот ан Република Македонија.
Иванов ја поздрави политиката на В4 за отворени врати на НАТО, нивната континуирана поддршка на европската интеграција на Република Македонија, како и поддршката во справувањето со мигрантската криза. Во таа насока македонскиот претседател ја поздрави и усвоената декларација на самитот во Прага во која беше истакната целосна поддршка за заедничко европско решение на мигрантската криза.
- Амбасадорите упатувајќи честитки за начинот на кој Република Македонија се справува со бегалската криза, истакнаа дека Вишеградската група и во иднина ќе биде посветена на односите со Република Македонија и ќе ги поддржува напорите за европската и евроатлантската интеграција, особено во текот на словачкото претседавање со Советот на ЕУ, соопшти Кабинетот на претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена