Рабин Мир Бар-Хен: Европа е изгубена, Евреите да заминат во Израел
Главниот рабин во Барселона, Мир Бар-Хен апелира на Евреите да се преселат во Израел бидејќи „Европа е изгубена поради радикалниот ислам“.
Тој ја охрабрува својата заедница да ја напушти Шпанија, која ја нарече „седиште на тероризмот во цела Европа“.
Неговата изјава доаѓа по терористичкиот напад во Барселона, во кој загинаа 13 лица, а повеќе од 120 се повредени. Неколку часа подоцна се случи напад и во Камбрилс. Џихадистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за двата напада.
- Евреите не се тука трајно. Јас им велам да не мислат дека сме тука засекогаш. Ги охрабрувам да купуваат имоти во Израел. Ова место е изгубено. Не ја повторувајте грешката на алжирските Евреи или венецуелските. Подобро одете сега, отколку да биде доцна, истакна рабинот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден