Путин вети дека Русија ќе ја направи суверена сила во својот прв предизборен говор
Претседателот Владимир Путин денеска вети дека ќе ја направи Русија „суверена сила“ за време на говорот пред членовите на владејачката партија и тоа е негов прв говор во кампањата пред претседателските избори во март 2024 година.
„Русија ќе биде суверена и самодоволна сила, инаку повеќе нема да постои“, рече Путин на конгресот на „Единствена Русија“ организиран за поддршка на неговата кандидатура.
Путин рече дека Русија не може, како некои земји, „да се откаже од својот суверенитет во замена за неколку колбаси и да стане нечиј сателит“.
Обвинувајќи го Западот дека сака да ја „урне руската економија и социјалната сфера“, Путин ги повика „патриотските сили“ на земјата да ги здружат силите во справувањето со „историските задачи“ што се пред Москва.
„Заедно со рускиот народ го браниме суверенитетот, слободата, безбедноста на Русија, се што ни е драго, нашата историја, нашата култура, нашите вредности и нашите традиции“, додаде тој.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува