-->
-->
Путин седна во ученичка клупа, еве што им порача на средношколците
-->
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ароганцијата не треба да биде една од особините на лидерот, пренесуваат руските медиуми.
-Оној кој сака да биде лидер и да претендира да добие некое важно место никогаш не треба да го крева носот, верувјќи дека е најдобар. Што човекот почне да верува дека е подобар од сите, тој момент почнува да губи. Амбицијата е добра, ароганцијата лоша - рече Путин во текот на средбата со учениците од гимназијата во Владивосток.
Тој генерално го пофали постоечкиот систем за развој на лидерските вештини во училиштето кое го посети.
Учениците го прашаа рускиот претседател како изгледа да се води земјата многу години.
-Нема да зборувам како е. Тоа луѓето го одредуваат на изборите, доаѓаат и гласаат, одговори Путин. Истовремено, тој нагласи дека „цел живот треба да се учи“

Погледнете го видеото:
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Одбележана 10 годишнина од настаните во Диво Насеље
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробал да го убие
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија