Живот
5. September 2018 - 14:26

Најпроклетото место и денеска втерува страв во коските: Мртвите ги фрлале во Тунел на смртта

Санаториумот „Вејверли Хилс“ е отворен во 1910 година во Луисвил, Кентаки за потребите на сместување на големиот број заболени од туберколоза, а денеска се нарекува најпроклето место на светот.

На почетокот на 20 век, туберкулозата косела во ова подрачје, а болницата на почетокот можела да прими 40 пациенти. Меѓутоа се утврдило дека тоа не е доволно, па во 1926 година е проширена и отворена и клиника за лекување на туберкулоза.

Во тоа време во санаториумот умирале илјадници луѓе. За пациентите да не ги гледаат тие што умирале, направена е „шахта за мртовци“. Се зборува дека во таканаречниот „Тунел на смртта“ и денеска има духови.

Кога во 1943 година е откриен антибиотик против туберкулоза, болеста до крајот на 50-тите години од минатиот век е искоренета во таа област, а клиниката е затворена 1961 година.

На форумите кои се занимаваат со мистерии може да се прочита дека овен во „Тунелот на смртта“, духовите се присутни и во собата 502. Во таа соба во 1928 година наводно се обесила 28-годишна болничарка, која останала бремена, а не била мажена.

Неименувано лице,кое наводно волонтирало во санаториумот како туристички водич, под псевдонимот shadowperson502 на Редит го опишува паранормалното искуство:

„Слушнав гласови кога никој немаше во близина, почувствував мирис на цигара, иако никој не пушеше. Нешто ме истурка до ѕидот, а видов двојник и како предметите сами се движат“, се наведува.