Свет
13. February 2018 - 10:47

Путин се разболе, но продолжува со работа: Неговиот потпарол открива што е со рускиот претседател

Потпаролот на Кремиљ Димитриј Песков рекол дека рускиот претседател Владимир Путин е болен, но и дека тоа не влијае на неговиот труд. 
 
Пасков рекол дека Путин е настинат, но продолжува со работа. 
 
За потсетување, порано Песков изјавуваше дека Владимир Путин е здрав како дрен.