Путин: Руската воена поддршка за Сирија спречи нови масовни крвопролевања

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека руската воена поддршка за Сирија овозможила да бидат избегнати нови масовни човечки жртви.
- Ситуацијата во Сирија уште еднаш потврди дека меѓународната заедница постигнува резултати кога дејствува заедно, врз основа на меѓународното право и со поддршка на Обединетите нации, изјави Путин на церемонијата за доделување на акредитивни писма на нови амбасадори од 16 држави.
Путин наведе дека заедно со САД и други земји успеале да го поттикнат политичкиот процес во Сирија со учество на официјалните власти во Дамаск и опозициските сили, како и да создадат услови за доставување на хуманитарна помош.
Рускиот претседател наведе дека Москва сака работите на новите амбасадори да придонесе за зацврстување на односите меѓу Русија и нивните држави.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
