Путин: Русија би можела да употреби нуклеарно оружје во случај на закана
Рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи за ризиците од нуклеарна војна со Украина, вчера предупреди дека Русија може да ги искористи сите расположливи средства за да се одбрани доколку нејзиниот суверенитет или територијален интегритет бидат загрозени.
Путин кажа дека Западот повеќепати ја обвини Русија за закани со нуклеарно оружје, но дека тоа е погрешно, бидејќи токму САД употребија нуклеарно оружје против Јапонија во Втората светска војна.
На економски форум во Св. Петербург, зборувајќи пред уредниците на странски медиуми, Путин кажа дека руската нуклеарна доктрина дозволува такво оружје да се користи како одговор на одредени закани.
-Поради некоја причина, Западот верува дека Русија никогаш нема да го искористи, рече Путин и додаде дека неговата земја има нуклеарна доктрина, повикувајќи ги присутните да видат што има во неа.
„Ако нечии постапки го загрозуваат нашиот суверенитет и територијален интегритет, сметаме дека е можно да ги искористиме сите средства што ни стојат на располагање.
Ова не треба да се сфаќа лесно, површно“, нагласи тој.
Тој ја обвини администрацијата на Бајден, која е најголемиот снабдувач на воена опрема за Украина, дека прави грешка по грешка или го „гори“ американскиот политички систем и глобалното лидерство.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Сведоштва за бугарските медиуми
-
СДСМ утре избира нов партиски лидер
-
Вреди ќе добие заменик во АНБ
-
Дали нотарите ќе поскапат и до 10 пати? Лога ја повикува новата влада да го укине тарифникот