Свет
15. May 2017 - 13:56

Путин повика за продолжување на дијалогот со Северна Кореја

Претседателот на Русија, Владимир Путин повика денеска на продолжување на дијалогот со Северна Кореја и нагласи дека натамошните нуклеарни проби се неприфатливи, јави ТАСС. 

- Во секој случај сметаме дека нуклеарните и ракетните проби се неприфалитиви и оти постои потреба за продолжување на дијалогот со Северна Кореја, како и за прекин на нејзиното заплашување и пронаоѓање мирни решенија за проблемите, рече Путин во Пекинг.