Свет
8. March 2018 - 15:34

Путин потрошил пет милиони евра во досегашниот тек на кампањата

Изборниот тим на рускиот претседател Владимир Путин досега потрошил околу пет милиони евра на изборната кампања, соопшти руската Централна изборна комисија.

Најголем дел од средствата биле употребени за печатење на рекламни материјали. Путин примил 7 милиони рубљи (100.000 евра) повеќе од дозволениот максимум во донации, и тие средства ќе мора да ги врати.

Досега најмногу пари во кампањата потрошил националистичкиот кандидат Владимир Жириновски, со над 5,4 милиони евра.