Путин положи заклетва за уште шест години во Кремљ
Рускиот претседател Владимир Путин денеска положи свечена заклетва за четврт претседателски мандат и со што тој ќе управува со земјата и во следните шест години.
- Додека стапувам на должноста претседател, посебно силна одговорност чувствувам пред нашиот многунационален народ, одговорност пред Русија, пред илјадагодишната историја на нашата земја, нашите претци, изјави Путин.
Тој истакна дека го смета за свој долг и смисла на живот да направи се што може за земјата. - Русија треба да биде современа и динамична, храбро да ги прифаќа предизвиците на времето и да го јакне своето лидерство во сферите каде сме традиционално силни, рече Путин пред насобраните гости по стапувањето на должност.
- Русија ќе биде силна, а народот ќе живее подобро, вети рускиот претседател и дополни дека историјата не простува една работа: рамнодушност и недоследност.
Путин оцени дека на Русија и се потребни продори во сите сфери и дополни дека исчекор ќе може да се направи само со слободно општество.
- Русија научи да ги брани своите интереси и повторно си ја врати гордоста за татковината. Менувајќи се заедно со светот, Русија не смее да ја заборави својата историја, самобитност и единство, порача рускиот претседател.
Претходно, во претседателската палата, пред околу 5.000 гости, Путин положи свечена заклетва.
- Се колнам дека во согласност со надлежностите на Руската Федерација, ќе ги почитувам и чувам правата и слободите на граѓаните, ќе го почитувам и штитам Уставот на Руската Федерација, ќе го заштитувам соверенитетот и независноста, безбедноста и целовитоста на државата и верно ќе му служам на народот, се заколна Путин.
По 18 години на власт, Путин денеска положи свечена заклетва за четврт претседателски мандат, откако на изборите на 18 март убедливо победи, освојувајќи повеќе од 76 отсто од гласовите. Тој ќе остане во Кремљ до 2024 година, кога ќе има 72 години.
Ново на Сител
-
Комисијата нема да почнува разговори од почеток, историчарите подетално ќе разговараат во Софија
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Комисијата нема да почнува разговори од почеток, историчарите подетално ќе разговараат во Софија
-
Ангелов: Не може да се разговара од почеток за веќе ревидирани препораки во историската комисија
-
Муртезани: Неодбивањето на предлогот за одложено дејство на Фор дер Лајен остава простор за решение
-
Шилегов обвини дека СДСМ е заробена, партијата му одговори дека Филипче е избран демократски
-
Филков: Време е за освежување во Комисијата за помилување
-
Претседателот на ЗЕЛС ги кани на состанок Костадинов и Јакимовски