Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска е предвидено да одговара на прашања од новинари од Западот, на вториот ден од Меѓународниот економски форум што се одржува во Санкт Петербург.
Путин ќе се сретне со претставници на меѓународни медиумски организации за да разговара за внатрешната и надворешната политика на Русија, соопшти неговиот советник за надворешна политика, Јури Ушаков.
Претходните години таквите сесии со новинари вообичаено траеја и по неколку часа.
Москва го користи Форумот за да ја претстави Русија на меѓународната сцена и да покаже отпорност по повеќе од четири години војна во Украина и санкции, и покрај забавениот економски раст.
Форумот вчера започна во отежнати услови, откако напад со украински дрон предизвика тревога што траеше неколку часа. За време на пристигнувањето на учесниците над делови од градот имаше црн чад, од пожарот што го зафати нафтениот терминал.
Според информации од Кремљ, на Форумот се регистрирани околу 20 илјади учесници од повеќе од сто земји. Меѓу учесниците има делегации од Американската стопанска комора и од германски компании.
Германско-руската стопанска комора за првпат по неколку години организира сопствен настан на форумот.
На форумот присуствуваат и неколку пратеници од крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“. Тие заминаа за Русија и покрај препораките на германското Министерство за надворешни работи да се воздржат од такво патување.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
