Путин доби свој парфем
Во Москва денеска беше промовиран парфемот „Лидерс намбр 1“, за чие производство, според неговиот творец, инспирација му бил рускиот претседател Владимир Путин.
Како што објави рускиот магазин за мажи „Лидер“, парфемот, кој е дело на белорускиот производител на парфеми Влад Рекунов, ќе се најде во продажба од 20 јануари идната година.
Прафемот „Лидерс намбр 1“ ќе биде произведен во ограничени количества од само 1.000 примероци и едно шише од 100 милилитри ќе чини 6.000 рубљи (78 евра),
Амбалажата на парфемот е црна кутија на која се наоѓа ликот на рускиот претседател со сребрена боја, под кој пишува „Инспирирано од Владимир Путин“.
Дел од средствата заработени од продажбата на овој парфем ќе бидат донирани во Домовите за деца без родители и за лекување на деца со сериозо заболувања.
Ново на Сител
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи
-
Состојба на патишта