Путин: Американска делегација следната недела во Москва на разговори за војната во Украина

Претставници на САД се очекуваат во Москва во првата половина од следната недела на разговори за ставање крај на војната во Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Тој ова го изјави на крајот од посетата на Бишкек, главниот град на Киргистан.
Путин рече дека руската страна ќе ја претставуваат претставници на Министерството за надворешни работи и на Претседателската канцеларија, додавајќи дека меѓу нив ќе бидат и неговите помошници Владимир Медински и Јуриј Ушаков.
Дискусиите ќе се однесуваат на исклучително големи и сложени прашања и секое прашање има клучно значење, нагласи тој.
Според информациите од Кремљ, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, се очекува во Москва следната недела. Путин и Виткоф се сретнале во повеќе наврати.
Рускиот претседател ја потврди својата подготвеност да води разговори за предлогот на Трамп од 28 точки за ставање крај на војната, велејќи дека тој би можел да биде основа за иден мировен договор.
Путин уште еднаш јасно стави до знаење дека Русија треба да има целосна контрола врз целиот украински регион Донбас пред прекин на огнот.
Украинската страна постојано го отфрла ова барање, велејќи дека тоа би оставило отворен пат за руски напад врз Киев.
Ново на Сител
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
