Пуштени во употреба часовниците на Саат кулата во Гостивар

Со симболично вклучување на механизмот, кој неодамна беше инсталиран, во употреба се ставени четирите часовници на Саат кулата во Гостивар.
На симболичното пуштање во употреба присуствуваше и Бехиџудин Шехаби државниот секретар во Министерството за култура, кој нагласи дека со оваа последна инвестиција во симболот на градот се заокружува проектот за заштита на овој споменик на културата.
- Ставењето во функција на часовниците, одржувањето и осветлувањето на Саат кулата се еден од десетината проекти кои Министерството за култура ги финансираше во изминатиов период. Саат кулата сега е ставена во функција и како таква, освен историското значење сега ќе им биде од корист и на граѓаните, рече Шехаби.
Гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта искажа задоволство од соработката при реализација на проектот и најави дека во скоро време низ градот, покрај овие часовници ќе бидат поставени уште четири на на поважни локации.
Аднан Фејзулаи, директор на Конзерваторскиот центар од Гостивар, кој реазлираше овој проект нагласи дека механизмите кои фирмата изведувач ги постави, имаат и ГПС поддршка со што постојано ќе го покажуваат точното локално време.
За механизмот и ставањето во употреба на часовниците, Министерството за култура инвестираше 520 илјади денари.
Со реконструкцијата, овој културно исторски споменик од лани е ставен во функција и за туристички посети.
Саат-кулата важи за еден од најпрепознатливите објекти на Гостивар и како симбол на градот ја има на општинското знаме и на грбот. Записите говорат дека била изградена во 17 век.
Ново на Сител
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
