Бизнис
25. August 2016 - 10:08

Пуштена во пробна работа сушилница за овошје во Берово

Пуштена во пробна работа новата 10-тонска сушилница за овошје во погонот на „Агромакс“ - Берово инвестиција вредна 10 милиони денари, а 50 проценти од средствата се обезбедена преку  програмата ИПАРД и Агенцијата за рурален развој, со што регионот познат по производство на модра слива, ја доби и првата сушилница. 
 
Според Габриела Арсова-Милошевска сопственичка на „Агромакс“  ова значи дека започна процесот на сушење на првата македонска брендирана сушена слива финално обработена со новата современа технологија по теркот на европските произведувачи на сушено овошје, а дневното производство нa сушилницата е 2,5 тони сушена слива.
 
- Ваквиот преработувачки капацитет значи една голема можност за регионот, да се создаде еден македонски бренд, да се овозможи откуп на голема количина на слива. Оваа  современа технологија директно ќе донесе и свежи пари на овоштарите во регионот на Малеш и Пијанец познат по производсво на модрата слива и додавање на вредност, односно нема повеќе да извезуваме суровина како порано, да се создаде можност да се додава вредност на сливата во понатамошна преработка до краен производ, односно нема да продаваме само суровини кои ни се враќаат како готови производи, туку да се случува обратното да се богати нашиот народ, рече Арсова –Милошевска. 
 
Капацитетот на „Агромакс“ на годишно ниви е преработка на 500 тони свежа слива.