Пуштен во употреба апарат за готовинско плаќање сметки на ЈКП Тетово
Апарат за готовинско плаќање на сметките од јавното комунално претпријатие Тетово е пуштен во употреба денеска. Апаратот на компанијата „Плати брзи“ која функционира во рамки на Pay Net е сместен во маркетот Рамстор кај ректоратот на Државниот Универзитет во Тетово. Од компанијата „Плати брзо - Pay Net“ велат дека се работи за брз и сигурен начин за плаќање на давачките што ќе им биде достапен на тетовци 24 часа.
- Возбудени сме што конечно се прошируваме надвор од Скопје и што соработуваме со ЈКП Тетово. Пријатно сме изненадени од нивните досегашни достигнувања на примената на модерната технологија и затоа се решивме на соработка со ЈКП Тетово. Се надевам дека и другите компании ќе го следат овој пример и ќе се решат да постават апарат преку кој граѓаните ќе ги плаќаат своите сметки на брз и иновативен начин, изјави Тимир Малик Шамасуров од компанијата „Плати брзо - Pay Net“.
За директорот на ЈКП Тетово Џељал Цека ова е чекор напред за претпријатието и тој очекува дека во следниот период ќе бидат пуштени уште вакви апарати низ Тетово и во централното градско подрачје.
- Мене ми е навистина мило што ЈКП Тетово е првиот субјект во нашиот град што го промовира овој начин на плаќање на сметките и тоа по Водовод Скопје и УЈП. Освен комуналните, ќе може да се плаќат и интернет услуги, мобилна телефонија, кабелска телевизија, осигурителни услуги и слично, наведе Цека.
Проект менаџерот на „Pay Net“ Филип Јуруковски појасни дека корисниците на „Pay Net“ системот ќе имаат можност да плаќаат на два начина. Првиот е со готовина преку платежните терминалите што ќе бидат поставени во најфрекфентните малопродажни објекти и места низ градот. Вториот начин е плаќање со дебитни или кредитни картички преку интернет страната или бесплатната мобилна апликација Pay Net –мобилен паричник, рече Јуруковски.
Од компанијата Pay Net велат дека се работи за готовинско и безготовинско брзо и сигурно плаќање на сметките на граѓаните, а оваа можност ќе им биде достапна нон стоп 24 часа, 365 денови во годината.
Ново на Сител
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува