Свет
6. August 2023 - 15:36

Пукање во Вашингтон - Три лица загинаa, а две се повредени

Пукање во јужниот дел од Вашингтон, двајца повредени, а 3 лица загинаа, соопшти градската полиција.

„Во саботата навечер нашите вработени се јавиле на повик во југоисточниот кварт во населбата Good Hope Road, каде се слушале истрели. На местото на настанот пронашле пет лица повредени како последица од пукањето. Три лица загинале на самото место“, рече в.д. началникот на полицијата Памела Смит во официјална изјава за новинарите.

Меѓу загинатите има двајца мажи и една жена.