Македонија
17. November 2016 - 13:25

Пукање во Скопје

Во 23 часот во полициска станица во Скопје било пријавено дека истиот ден во 19 часот, на бензиска пумпа на улицата „Македонско-Косовска Бригада“, непознато маскирано лице извршило обид за кражба.

Крадецот ја искршил влезната врата и едно странично стакло, а откако забележал дека внатре се наоѓа вработениот , веднаш почнал да бега. Во тој момент вработениот  истрчал надвор и во паника испукал еден куршум во воздух од пиштол кој го поседувал со дозвола.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.