Пукање во Основно училиште во Скопје
Во текот на вчерашниот ден, дваесетина минути пред осум часот, Н.А. од селото Кондово пријавил дека поради нерасчистени односи Р.А. и Ј.И. постојано психички го малтретирале неговиот син и од истиот барале пари кои не им ги должел.
Според податоците, поради оваа причина Н.А. отишол во Основното училиште во селото за да разговара со А.А. инаку татко на Р.А. за истиот да го смири неговиот син. Сепак, таткото почнал да го навредува неговиот син и пробал физички да го нападне Н.А., но вработените го спречиле.
Подоцна околу 07 часот и 45 минути во дворот на училиштето со две возила пристигнале Ј.И. и Р.А. при што Р.А. со пиштол му се заканувал на Н.А. и откако влегле во возилата испукал еден куршум.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.
За среќа, драмата не се завршила трагично.
Ново на Сител
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат