Птичји грип Х5Н8 откриен кај див лебед во североисточна Грција
Ветеринарните служби на Грција се во зголемен степен на тревога за да се спречи преносот на вирусот Х5Н6 на птичјиот грип од диви птици на живина, откако тој бил откриен кај лебед во делтата на реката Марица во североисточниот дел на Грција.
Испитувањето на немиот лебед пронајден на 14 декември во близина на делтата на реката Марица покажало дека птицата починала од птичјиот грип Х5Н8, стои во извештајот на Светската организација за здравје на животните.
Во соопштението за печат објавено вчера, префектурата Атика ги потсети атињаните дека е нелегално да се држи живина во незатворени простории или на отворено.
- Живината мора да се чува во затворени простори, со капак на сите отвори за да се спречи секаков контакт со диви птици, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство