ПССЕ бара да им се гарантираат правата на лицата кои им припаѓаат на националните малцинства
Парламентарното собрание на Советот на Европа, го повтори својот повик до земјите-членки „да одговорат позитивно и да посветат посебно внимание” на потребите на лицата коишто им припаѓаат на националните малцинства и да ги гарантираат нивните права”, онака како што е утврдено од страна на Рамковната конвенција за заштитата на националните малцинства, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Во дебатата, шведскиот пратеник Томас Хамарберг, инаку и поранешен комесар за човекови права на Советот на Европа и добар познавач на оваа проблематика, направи анализа.
Имено земјите кои се спротивставуваат на ратификацијата на рамковната конвенција, тврдејќи дека не „знаат што е национално малцинство“, бидејќи нема точна дефиниција, тоа според него не е слабост, туку предност на конвенцијата, бидејќи таа дозволува да се земат во предвид потребите на сите лица случај по случај.
Поранешниот комесар за човекови права ги повика сите земји кои се уште не ја имаат прифатено Рамковната конвенција да го направат тоа. Но не е само ратификацијата, важна е и практиката, нагласи Ханрберг.
Со усвојување на резолуција врз основа на извештајот на Виорел Рикард (Романија, Народни партии), парламентарците потсетија дека во 2006 година на Собранието побара од четирите држави кои ја потпишаа Рамковната конвенција но се уште не ја имаа ратификува , Белгија, Грција, Исланд и Луксембург, а четири други држави кои не ја имаат потпишано ниту пак ратификуван, Андора, Франција, Монако и Турција, да ја потпишат или ратификуваат што е можно побрзо и без воздржаност и изјави во договорот. ПССЕ притоа изрази „жалење што е направен навидум безначаен напредок направен тогаш од овие држави на патот на ратификацијата.”
Ново на Сител
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот
-
Меџити: Се уште не е договорено името на новиот државен обвинител
-
Собранието ги изгласа заклучоците и препораките за поголема безбедност во сообраќајот
-
Грипот се уште “тресе” – ризичните групи најмногу на удар!
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци