Македонија
27. August 2019 - 19:44

Психосоцијална поддршка за дијабетичарите во Битола

Со цел да се изврши едукација на поголем дел од населението, Здружението на дијабетичари од Битола го иницираше формирањето на Електронскиот едукативен центар за дијабетес во Општина Битола. Од здружението велат дека најголемиот проблем со кој се соочуваат дијабетичарите е стравот.

-Страв во себе, страв да признаат дека имаат шеќер, и затоа планиораме да развиеме психосоцоијална поддршка, не само едукација преку видео клипчиња туку и работилници. Тие што имаат страв не сакаат да знаат колку имаат шеќер, не сакаат да следат, тоа не боли, а кога боли е веќе касно. Сме забележале дека повозрасните водат сметка, но помладите бидејќи се од ноќ до ноќ на работа, не можат да водат и да сакаат сметка за начинот на исхрана, физичка активност и сите други работи, вели Душанка Атанасовска, претседател на Здруежние на дијабетичари на Општина Битола.

Денеска во РЕК Битола се мереше шеќерот во крвта на вработените во очи утрешниот празник на рударите. Токму синдикалната организација на комбинатот е главната поддршка за електронскиот едукативен центар за дијабет.

-Општи познато е дека шеќерот во крвта е една од најраспоространетоте болести кај граѓаните, а со тоа меѓу вработените во Битола, изјави Менде Фидановски, претседател на Синдикатот на РЕК Битола.

Навременото откривање и лекување доведува до квалитетен и нормален живот, велат лекарите.

-Прво диетата е најважна, физичката активност, самоконтрола и на крајот се лековите, изјави Мирјана Аврамовска, матичен лекар во Здравствен дом Битола.

Од здружението велат дека во Битола од месец на месец се зголемува бројот на дијабетичари, особено кај помладите.

Електронскиот едукативен центар ќе функционира преку фејсбук страната на Здружението на дијабетичари Битола.