Првото бебе во Куманово е девојче
Првото бебе во Куманово е девојче, родено вчера во попладневните часови, прво дете на семејството Љатифи. Денеска од името на општина Куманово, на директорот на Општа Болница, д-р Снежана Захариева ѝ беа врачени пригодни подароци, наменети за мајката Фатуше Љатифи и новороденчето.
Директорката на болницата Снежана Захариева и посака добро здравје на мајката и новороденчето и на кумановци.
– Можеме само да им посакаме и на мајката и на детето да бидат многу среќни, со добро здравје и да имаат многу убави моменти во 2021 година. Истото ќе го посакам и на сите наши сограѓани, да бидат со добро здравје, да имаат многу убави моменти во 2021 година, да не заборавиме што оставаме зад нас, но и да се потсетиме дека изминатата година не беше само со лоши работи. И покрај пандемијата што буквално ни ги преокупираше животите, а нам, медицинските работници ни го смени текот на севкупната работа, ќе кажам дека во текот на изминатата година имавме прилика да видиме и нешто добро, а тоа е човечката солидарност и поставување во прв план на човечките вредности. Да продолжиме, меѓусебе да си помагаме и почитуваме, изјави Захариева.
На одделението за гинекологија и акушерство родени се уште две бебиња, а наскоро се очекува уште едно новороденче. На подарок од општината, новороденчето доби штедна книшка и пригодни подароци, кои поради пандемијата годинава не го врачи лично градоначалникот Максим Димитриевски, туку тоа во негово име го сторија вработените во болницата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален