Првомајска честитка од СПМ
Почитувани работници,
Изминативе триесет и пет години работникот и неговиот труд постојано и сè повеќе се потценети и згазени. Периодите на социјалдемократската влада оставија социјална пустош, тие се најтешките и најцрните за македонското работништво, тоа се години исполнети со нови илјадници невработени и со сè поголем број лица кои живеат во сиромаштија. Години кога трудот на македонскиот работник е сè повеќе потценет, животот сè поскап, а работничката несреќа сè поголемa.
Со безнадежност, очај и чувство дека се оставени сами македонските работници го одбележуваат трудбеничкиот празник..
Сите мерки на сите досегашни антиработнички влади се претворени во вулгарен политичко партиски маркетинг на една малограѓанска експлоататорска самонабедена елита која посега да владее со сè и секого, директно штитејќи ги интересите на капиталот, а на штета на работниците.
Сè што беше општествено го претворија во јавно, а потоа истото тесен круг за себе го присвоија и го сметаат за лично. Најголемиот грабеж на работничкото, општественото и народното го изврши таа социјалдемократска клика која беше задолжена да ги штити работниците. Клика која не ги сочува работничките придобивки од претходниот период, туку брутално ги погази, а работништвото безмилосно го предаде.
Почитувани трудбеници,
Долг децениски период заеднички и од темел ја градевме нашата држава, како дел од поранешната федерација. Од тогаш Социјалистичката партија на Македонија ги претставувала и постојано ги штитела интересите на работниците и на работничката класа, иницирајќи го и активно учествувајќи во процесот на воведување на самоуправувањето како највисок стадиум на владење на работниците со општествено-економските процеси, имотот и со сопствениот труд.
Затоа и врз основа на ова искуство и идеолошките определби, Социјалистичката партија на Македонија има историска одговорност и морална должност да се грижи и да ги штити работничките права и интереси и денес.
Другари работници,
Време е нештата да се променат.
Време е поразите и неуспесите преку надежта која се раѓа, заедно да ги замениме со силна експлозија на одлучност и решителност, кршејќи го јаремот на економското поробување и социјалното ништење на македонскиот работник со ново и слободно сонце. Време е за враќање на работничкото достоинство, заедно и обединети со чесна работа, трудољубивост и посветеност да донесеме добробит, подобар стандард и да обезбедиме подобро за сите, вистински вреднуван труд, социјална правда и широки права за македонските работници.
Честит 1-ви Мај!
Честит Ден на Трудот!
Социјалистичката партија на Македонија
Ново на Сител
-
Франција планира европска „иницијатива“ за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел
-
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор