-->
-->
Првите жртви на страшниот циклон во САД: Поради големото невреме дрвата и брановите станаа смртоносни - загинаа пет лица меѓу нив и деца
-->
Пет лица настрадаа во силната бура, која го зафати брегот на Атлантскиот Океан и североисточниот дел на САД. Бурата донесе ветрови со сила на ураган, дожд и снег, поради што е пореметен сообраќајот, а повеќе од 1,6 милиони луѓе останаа без електрична енергија.
Петте лица загинел кога врз нив паднале дрвја. Меѓу загинатите се две момчиња, 16-годишен од Вирџинија и 11-годишен од државата Њујорк, а дрвјата кое паѓало во налет на невремето усмрти и двајца мажи од Вирџинија и Њупорт, додека 77-годишна жена настрадала пред нејзината куќа во Балтимор.
Новата бура, која е наречена „Виндмагедон“, го зафати подрачјето од Северна Каролина до Мејн.
Авиокомпаниите во североисточниот дел на САД, откажаа повеќе од 2.800 летови, додека аеродромите во Њујорк речиси се во целосен застој.
Федералната влада на еден ден ги затвори сите канцеларии во областа Вашингтон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис