-->
-->
Првите потресни фотографии пред заедничкиот погреб на фудбалерите на Чапокоензе
-->

Од Вкупно 71 погинато лице во несреќата, 19 се фудбалери на познатиот бразилски клуб Чапокоензе, освен телата на фудбалерите на стадионот утре ќе бидат изложени и останатите тела на сите загинати членови во авионската несреќа.
На стадионот се очекуваат над 100.000 луѓе да им оддадат почит на загинатите млади фудбалери, а поворката ќе започне од аеродромот кон стадионот и ќе биде во должина од девет километри и ќе трае повеќе од четири часа.
Своја последна почит ќе им одаде и претседателот на Бразил, а за сите оние кои што нема да можат да влезат во стадионот ќе имаат можност настанот да го проследат на големи видео екрани пред самиот стадион.
Првите фотографии од опростувањето на семејствата со своите најблиски веќе пристигнаа и се трогателни, а не спласнуваат ни приказните на младите фудбалери и нивните планови за во иднина. Една од таквите емотивни приказни ја раскажа сопругата на еден од загинатите фудбалери дека тие пред неколку дена ста виле исти тетоважи во знак на вечна љубов, а на 9 декември тие планирале и одмор во Доминиканската Република.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница