Пожар во руски регион по украински напад со дронови
Остатоците од уништувањето на украинските беспилотни летала при уривање на земја предизвикаа пожар во индустриско претпријатие во руската област Рјазан, изјави денеска гувернерот на регионот југоисточно од Москва.
„Според првичните информации, нема повредени, се проценува материјалната штета“, рече гувернерот Павел Малков во објавата на апликацијата за пораки Телеграм.
Малков не кажа која фирма гори. База, информативен Телеграм канал близок до руските безбедносни служби, објави дека украинските беспилотни летала гаѓале рафинерија за нафта во Рјазан во сопственост на Роснефт.
Руските сили рано утринава го бомбардираа градот Харков, на третата годишнина од почетокот на војната во Украина, оштетувајќи компанија во предградието на градот, изјави градоначалникот Игор Терехов. Тој додаде дека нема повредени, а во тек е проценка на штетата.
Во Киев, како и во регионите Житомир, Суми и Харков е прогласена тревога поради напад на руски дрон, а засега нема информации за повредени или материјална штета.
Денеска се одбележува и третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина, а се очекува да продолжат руско-американските преговори за ставање крај на војната.
Ново на Сител
-
Светските лидери му честитаа на Мерц на победата, а честитки пристигнуваат и за АфД
-
Лидерот на германските либерали Кристијан Линднер ја напушта политиката по изборниот дебакл
-
Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја одбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина
-
Билд: Демохристијаните со 197 мандати во Бундестагот, АфД со 141, социјадемократите со 114
-
Зеленски му честита на Мерц за победата на ЦДУ/ЦСУ на изборите во Германија
-
Презентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница
-
Франција со најмногу медали на Светското првенство во биатлон 2025
-
Ливерпул го доби дербито со Сити, Салах продолжува со историски достигнувања