Бизнис
15. November 2021 - 19:45

Првите два километри од автопатот Блаце - Скопје ќе бидат готови идната година

Надлежните не знаат кога ќе биде целосно готов автопатот Скопје-Блаце, иако според почетниот план првите километри автопат требаше да ги возиме летото кое измина. До сега реализацијата е на половина за првата делница, од границата до селото Блаце, која е во должина од скоро 2 километри. Градежните активности за тој дел треба да завршат до средината на следната година. Но, активностите за втората делница, од селото Блаце до клучката кај Стенковец, во должина од 10,5 километри, ќе започнат дури од пролет.

Бавна е динамиката на изградба и на автопатот Кичево-Охрид, кој започна да се гради во 2014, а требаше да биде пуштен во 2018 година. За тој проект во моментов пречка е анекс договорот за ново пролонгирање на рокот за градба, кој е заглавен во Собранието.

Но, министерот е задоволен од реализацијата на капиталните инвестиции кои се во рамки на ресорот транспорт и врски. Од буџетот под негово водство до сега е реализирано 76% од планираното и очекува тој процент да се зголеми до крајот на годинава.