Живот
22. October 2017 - 14:01

Првата дама на Југославија последните денови од животот ги поминала во беда а тајните на Тито ги однела во гроб

Вдовицата на Јосип Броз Тито повеќе од 30 години живеела во беда во белградската населба Дедиње.

Иако таа живеела во елитната населба на Дедиње имала вила со огромен двор, Јованка живеела без потребните услови за живот како греење, без вода а некогаш и без храна. Таа со години немала документ за идентификација - лична карта.

Ентериерот на вилата била сосема распадната, наликувала на рушевина. 

Многу новинари се обиделе да стапат во контакт со неа и да дознаат нешто повеќе за неа и за нејзиниот живот со Тито но ретки се оние кои успеале да дојдат до неа. Таа никогаш не открила ништо во врска со Тито .