-->
-->
Прва жртва на коронавирусот во Косово
-->
Маж на 85-годишна возраст од општина Подујево е првото лице заразено од коронавирус кое почина во Косово, објави порталот „Газета експрес“
Според приштинскиот портал, веста преку социјалните мрежи ја потврди неговиот син, како и други членови на семејството.
Починатиот маж, наведува „Газета експрес“, е татко на едно од првите лица во Косово кои беа дијагностицирани со смртоносниот Ковид-19. Присуството на вирусот кај синот беше откриен на 15 март, неколку дена откако се вратил од Италија.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Институтот за јавно здравство на Косово објави дека во текот на вчерашниот ден се откриени седум нови случаи, со што официјалната бројка на заразени од коронавирусот во земјата се искачи на 31.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“