Македонија
1. July 2020 - 21:57

Прв заразен во штипскиот затвор

Прв позитивен случај на Ковид 19 регистриран во штипскиот затвор. Се работи за вработен во затворот кој бил прераспределен на работна задача во набљудувачница, каде немал контакт со осудените лица.

Поради позитивниот тест на вработеното лице и другите 5 колеги кои се заедно со него во смена се во самоизолација- изјави МИКИ ТОДОРОВ, ДИРЕКТОР НА ЗАТВОР –ШТИП

Во изминатите 3 месеци на сите осудени лица редовно им се делени средства за лична хигиена и дезинфекција, а преземени се и дополнителни мерки за заштита.

Имаме контролирано влегување во установата, со задолжително мерење на телесната температура, задолжителна дезинфекција на сите вработени и осудени лица, како и секојдневна дезинфекција на сите простории во установата- додаде Тодоров

На инфективното одделение во клиничка болница сите места се пополнети, односно хоспитализирани се 35 пациенти, 34 со дијагноза, а еден е сомнителен. Само 5 од нив имаат потреба од повремена кислородна поддршка.

Ситуацијата е сепак под контрола и доколку има потреба ќе се вклучат и уште неколку кревети кои се секогаш на располагање на инфективното одделение-изјави МАРИНА ШУМАНСКА, ПОРТПАРОЛ НА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА-ШТИП

Во најлош случај ќе биде ослободено и одделението за неврологија, но за сега најголем дел од пациентите се со лесна клиничка слика или асимптоматски.