Прв случај на женка крокодил која сама се оплодила, фетусот бил 99,9% идентичен на неа
Првиот случај на женка крокодил кој сам се оплодил е откриен во зоолошка градина во Костарика.
Фетусот што излегол од јајцето е генетски идентичен со неа – 99,9 проценти.
Феноменот на таканареченото „девствено зачнување“ постои кај некои видови птици, риби и други влекачи, но никогаш не се случил кај крокодилите.
Научниците велат дека трагите од ова можеби се наследени преку еволуцијата од предците, па можно е и диносаурусите да биле способни за саморепродукција.
18-годишна женка американски крокодил снела јајце во јануари 2018 година во паркот на рептил.
Фетусот внатре бил целосно оформен, но мртвороден, па затоа не се извел.
Женката била стекната кога имала две години и цел живот ја чувале одвоено од другите крокодили.
Затоа научниците од паркот поканија тим експерти од Америка од Политехничкиот колеџ Вирџинија, кои се специјализирани за девствени зачнување, научно кажано, партеногенеза.
Ново на Сител
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот