Прв Регистар на оператори со органски производи
Преку 600 оператори со органски призводи се опфатени со Регистарот што ќе го промовира денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ова е прв Регистар на органски оператори во земјава, а опфаќа производители, преработувачи и трговци.
- Регистарот содржи податоци за секој производител, преработувач и трговец со органски производи, но доминираат производителите. Практично, се овозможува пристап до информации во секое време за тоа каде има органски производи, кој ги произведува и каков вид органски производи се нудат. Во регистарот се наведени и контакти на операторите, па кој сака може директно да ги искомуницира, вели за МИА Габриела Мицевска од ИМЕ Програмата што ја финансира Швајцарската агенција за развој и соработка.
Швајцарската агенција за развој и соработка му помогна на Министерството за земјоделство да го изготви Регистарот.
На промоцијата во МЗШВ ќе присуствува и ресорниот министер Љупчо Николовски.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите