Loading Video...
Кошарка
28. October 2022 - 10:58

Прв пораз на Олимпијакос во Евролигата

Екипата на Олимпијакос го претрпе првиот пораз во Евролигата.  Грчкиот тим во дуел од 5.коло пред своите симпатизери во Атина загуби од Монако со 76-81. 
 
Макаби пак ја продолжи победничката серија. Израелскиот тим до третиот триумф во низа стигна во дуелот со Панатинаикос кој го совлада со 85-74.
 
Предноста на домашниот терен ја искористија Партизан во дуелот со Жалгирс (87-76), Валенсија која беше подобра од Алба Берлин (87-73) и Виртус која во Мадрид славеше кај Реал (95-92).
 
Вечерва на програмата се преостанатите четири средби од петтото коло, а дербито се игра во Истанбул, каде Анадолу Ефес е домаќин на досега не поразениот Фенербахче.