Прв пораз на Еурофарм Пелистер во СЕХА лигата
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа вечерва првиот пораз во СЕХА лигата, откако со голем пад во играта во вториот дел загубија на гостувањето кај хрватскиот шампион ППД Загреб со 26:23 (11:14) во рамки на второто коло во Групата А.
Иако ослабен без неколкумина стандардни играчи, македонскиот тим добро го отвори натпреварот и го контролираше резултатот во воведните 30 минути.
На полувреме Еурофарм Пелистер замина со предност од 14:11, продолжувајќи со добра игра и во воведните пет минути од вториот дел за највисоко водство од 17:12 во 36 минута.
Од тој момент уследи голем пад во играта на ослабениот Еурофарм Пелистер и осум минути без постигнат гол за израмнување на резултатот на 17:17 во 44 минута.
Хрватскиот шампион влезе во добар ритам и со нова серија од 4:0 стигна до убедлива предност од 24:20 што рутински ја задржа до самиот крај на мечот во Загреб.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива