Македонија
28. јуни 2022 - 16:32

Протести на ССМ и средба со министерката за труд

По една недела од генералниот штрајк во јавниот сектор, владин претставник седна да разговара со сидникалците. Откако поставените столчиња пред Собранието, Владата и Министерството за финансии останаа само празен апел до надлежните да ги исполнат барањата на Сојузот на синдикати на Македонија, денеска министерката за труд ги прими синдикалците на разговор. Состанокот заврши без конкретен епилог но, со ветување за средба со сите надлежни.

Министерката останува на ставот дека мора да се најде одржливо решение за раст на платите, наместо ад-хок одлука.

По цела недела откако започна генералниот штрајк во јавниот сектор, договор за покачување на платите има само во неколку претпријатија и институции и тоа под надлежност на локалната власт.

Синдикатот не отстапува од своите барања за линеарно покачување на сите плати за 2.806 денари, колку што порасна минималецот, потпишување на нов колективен договорот и враќање на регресот за годишен одмор во јавниот сектор.