Протест во Скопје на граѓанската иницијатива „Протестирам“

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва го одржува осмиот протест во Скопје против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, со барање за негова оставка, повлекување на одлуката за избори на 5 јуни и формирање експертска влада.
Протестот почна пред Специјалното јавно обвинителство и продолжи кон Собранието. Се очекува насобраните граѓани да се упатат и кон Владата на РМ.
Поддржувачите на иницијативата „Протестирам“, кои одржуваат протести од минатиот вторник, бараат и произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд за случаите на СЈО, вклучување независни претставници на граѓанското општество во решавање на политичката криза и бараат процесот да се одвива на територијата на државава.
Ново на Сител
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
-

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии
