Протест на ВМРО-ДПМНЕ денес од Скопје и 15 други градови
Денес е денот кога сите граѓани на Република Македонија ќе продолжат заедно во битка за одбрана на честа и достоинството на македонската држава.
Време е да се каже доста е на понижување и распродажба на државните и национални интереси. Токму затоа сите граѓани заедно сплотени, во масовен број и ќе испратат порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните денес (02.12.2020) во 15:00 часот да се приклучат на блокадите пред Владата на Република Македонија и Министерството за надворешни работи, а протести ќе се одржат и во 15 градови ширум државата, со почеток од 18:00 часот.
Денес е моментот кога граѓаните на Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид ќе се обединат против злото наречено Зоран
Заев и СДСМ.
Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот!
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз