Протест на средношколци во Кичево против онлајн-наставата
Дел од учениците од двете средни општински училишта од Кичево мирно протестираа и побараа настава со физичко присуство во нивните училишта. Протестот под мотото „Настава за сите” против онлајн-наставата почна на градскиот плоштад и заврши пред двете средни училишта.
На протестот учествуваа ученици кои следат настава на македонски, на албански и на турски наставен јазик, според кои онлајн-наставата не е соодветна, нема услови за непречено одвивање и нема да ги даде посакуваните реаултати.
Директорот на ОСУ „Дрита” Фестим Ахмети рече дека солидаризира со учениците и дека нивното барање е барем во прва година да се одржува настава со физичко присуство.
– Добивме поддршка и од Советот на општината за нашето барање, но надлежните сметаат дека во нашите училишта нема услови за одвивање на наставата со физичко присуство, рече Ахмети.
Учениците мирно се разотидоа од дворот на училиштата.
Ново на Сител
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина