Македонија
24. March 2019 - 19:20

Протест на млади од селата Штука и Иловица против отворање рудник

Стоп за рудници, порачаа дел од граѓаните на општините Босилово и Ново Село.

Нивното незадоволство од  намерата за изградбата на рудник за бакар и злато на планината Огражден го изразија со мирен протест кој се одржа во центарот на Босилово.

Иницијатори на протестот беа младите од двете општини кои сметаат дека изградбата на рудникот е штетна и за здравјето на луѓето и за животната средина воопшто.

Испратија пораки и до локалните власти од кои побараа поголемо ангажирање, но и до централната власт  од која очекуваат ова прашање да биде решено еднаш за секогаш.

Преку писмено соопштение реагираа од компанијата концесионер на рудникот Еуромакс Ресурсис Од таму велат дека ја поддржуваат секоја активност за заштита на животната средина која е поткрепена со точни информации, но лажните вести и говорот на омраза воопшто не биле  граѓански активизам.Досега слушнавме бројни обвинувања од областа на животната средина, геохемијата, сеизмичката активност во регионот, но ниту еднаш зад овие обвинувања немаше доказ од нивен експерт или познавач на таа област.,, стои во писменото соопштени на Еуромакс .  Од компанијата апелираат до сите поединци, здруженија и политички партии, да се воздржат од лиферување лажни вести, клевети и говор на омраза и од непотребни вознемирувања на засегнатите страни.