-->
-->
Протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Струмица
-->
Струмичани и вечерва со протестен марш ја поддржаа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
- Кај граѓаните има насобрано голем гнев последниве три години откако СДСМ и Тирана работат против севкупните македонски интереси. На народот му е доста и од циничното понижување од страна на дипломатите кои лажат дека говорат во име на ЕУ земјите, истакна Јане Ангелов од Струмица.
Граѓаните читаа патриотска поезија и ги повторија пораките за зачувување на унитарноста на Македонија, за нејзиниот идентитет, име, химна, знаме, отфрлање на тиранската платформа и заштита на уставноста и законитоста. Граѓаните потоа протестираа низ централното градско подрачје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турски државјанин пронајден мртов во Скопје
-
MВР: Пронајдена метална кутија со 151 куршум
-
Стојановска и Биковски избрани за Републичко обвинителство, во ОЈОГОКК ќе се придружат Хаџи Василева и Азизи
-
Собранието донесе неколку закони и потребата за донесување на закони по скратена постапка
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мицкоски на средба со претседателот на Австрија
-
До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики
-
Просечната нето-плата во август 41 097 денари