„Просветно дело“ ја објави книгата „Зошто пцујам“ на Ведрана Рудан
„Просветно дело“ ја објави книгата „Зошто пцујам“ на хрватската писателка Ведрана Рудан.
„Зошто пцујам“ е збирка текстови објавувани последниве неколку години на блогот на веб-страницата www.rudan.info Во книгата се застапени текстови на повеќе теми-Зошто служат жените, Зошто служат мажите, Зошто служат децата, Зошто служи Хрватска, Зошто служи животот.
- Дека пцоста е книжевна постапка, знаеме од многубројни примери во историјата на светската книжевност. Ведрана Рудан ни покажува дека е подеднакво ефикасна и вознемирувачка и особено релевантна во овој социоекономски и историско-политички контекст во кој живееме. Таа во фуриозен ритам одговара на прашањата што секојдневно го измачуваат секој просечен Балканец и пцуе се што ќе и застане на патот, онака сочно и духовито како што само таа умее, соопшти издавачот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна